Победа која ниту една нација не сака да ја добие

Соединетите Држави можеби сè уште го држат рекордот за прекумерена тежина, но и остатокот од светот не дозволува да заостане…

Помеѓу 1980 и 2008 година на глобално ниво процентот на луѓе со прекумерена телесна тежина скокна од 23% на 34%, а најголемиот дел од колачот припаѓа на земјите во развој. Во неразвиените земији обезитетот денес е позастапен за 4 пати (од 250 милиони на 904 милиони луѓе) додека развиените земји имаат само 1.7 пати повеќе застапеност.

Каде е проблемот? Како што луѓето стануваат побогати, покажуваат и подобрување на исхраната која почнува да се базира на зеленчук, месо и масла, додека во земјите во развој житните култури и скробната храна е основна.

Има ли решение? Јужна Кореја е пример за отфрлање на овој тренд. Исхраната кај Јужнокорејците покажува дури и подобрување, а тоа се должи на упорната кампања од страна на владата за подобрување и одржување на традиционалната исхрана. Сепак во остатокот од светот политиката често се оградува од оваа емотивна тема.

Извор: http://www.odi.org.uk/