Па нацртај му на човека

Откако Њујорк ја изгуби битката за забрана на продажба на гигантски сода сокови во фаст фуд рестораните, сега ќе обиде да ги направи граѓаните поздрави со тоа што ќе им нацрта колку треба да истрчаат луѓето кои го кркале бургерот или ја испиле лименката. Ама ова барем дава резултати.

Испадна дека ако на човека му се покаже дека треба цел ден да трча за да го потроши вкусниот бургер, наместо да се стават две-три бројчиња на калории на етикетата ќе се постигне далеку поголем ефект во избирање на поздрав оброк.

 

Одделот за здравје во Њујорк веќе започна кампања на која е прикажано колку милји требаат да се изодат за да се истроши една лименка сода, а и новите истражување кажуваат дека ваквите сликовити конверзии можат ефективно да ги предомислат луѓето кон поздрав избор.

Онлајн анкетирањето на 802 луѓе покажа дека колку попросто и посликовито се претстават калориите во едно мени, толку луѓето имаат поголема шанса да направат поздрав избор (со помалку калории).

 

На испитаниците им било покажано едно четири хипотетички менија. Првото само со бројот на калории во храната, второто со калориите и минутите кои се потребни да се изодат за да се потрошат истите, а третото кое ги имало, покрај калориите и милјите кои треба да ги изодат. Четвртото немало никакви нутриционистички информации.

Се покажало дека оние кои го гледале четвртото мени нарачале оброк од просечно 1,020 калории, додека другите кои имале мени со информациите за одењето и трошењето на калории нарачале оброк од 826 калории.

Иако разликата е мала таа секако може да остави голем импакт особено во општествата кои се под огромна закана од епидемијата на дебелина.

Со ова, исто така се докажува дека колку информацијата за калориската вредност е попросто прикажана и луѓето немаат потреба од самостојно калкулирање, толку поголем ефект има самата информација.