Некои овошја се поздрави од други!

Кога е во прашање овошјето, па и се друго, бирајте квалитет, а не квантитет. Прочитајте зошто некои овошја се поздрави од други.

Секаде стои дека јадењето овошје е здраво во секаква смисла. Сепак секоја овошка е пакување од диетални влакна и витамини во лушпа уште побогата со нутрициенси и витамини. Но и меѓу нив има некои кои едноставно се посупериорни за нашето здравје од другите.

Неодамнешно истражување завршило со заклучок дека јадењето на поголем варијабилитет, а не на квантитет овошје, може да го намали ризикот за дијабетес тип 2. Било очигледно дека нешто има во варијабилитетот на овошјето што го дава тоа намалување на ризикот.

По споредба на податоци од три претходни големи студии кои се одвивале во период од 12 години во врска со исхраната и заболувањата, спроведени на 185.000 луѓе, од кои 12.198 евентуално развиле дијабетес, научниците дошле до интересен заклучок.

Јагодите, портокалите, праските, кајсиите и сливите за жал немаат никаков ефект врз намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Но, едно големо но, грозјето, јаболката и грејпфрутот, со најмоќните меѓу нив боровинките можат да го превенираат ова метаболно заболување. Три порции месечно 11%, а пет порции неделно го намалиле ризикот дури за 26%.

Сепак никако не се откажуваме и од првите. Можеби не конкретно за дијабетес тип 2, но и тие и те како ни се наоѓаат во одржувањето на здраво тело и здрав дух.