Најздравиот дел кој по правило завршува во корпата

Оваа листа имајте ја на ум наредниот пат кога ќе приготвувате овошна или зеленчукова салата и не си скратувајте од сите здави состојки што ги има во лушпите, семките или дршките…

Престанете да ги лупите ЈАБОЛКАТА, во нивната лушпа се наоѓа еден моќен антиоксиданс кверцитин, а освен тоа лушпата има поголема количина на диетални влакна отколоку внатрешноста. И секако потрудете се да пазарите органски и непрскани јаболка.

Во дршките на БЛИТВАТА се крие вистинско богатство од аминокиселината глутамин, која игра клучна улога во процесите на заздравување и репарирање на телото. Исецкајте ги и згответе ги заедно со листот.

Кората на ПОРТОКАЛОТ исто така изобилува со флавоноиди за кои некои испитувачи тврдат дека се поефективни во намалување на холестеролот отколку самите лекови наменети за тоа. Сепак не ви предлагаме да ја изедете, туку едноставно изрендајте со ситно ренде врз вашето омилено јадење за екстра тропски ефект.

Листовите на ЦВЕКЛОТО по правило ги отсекувате и фрлате, но иако примарно сте ги купиле заради коренот, сепак и тие изобилуваат со многу полезни минерали и витамини како калциум, диетални влакна, витамин А и К, а верувајте немаат нешто поразличен вкус од досега навикнатиот.

Лушпата на КОМПИРОТ исто така содржи многу диетални влакна, а изобилува и со одлична количина на витамините Б, витамин Ц, калиум, калциум и железо, па во секоја прилика трудете се да пазарите некое младо компирче и да ги консумирате со лушпа.

Една работа која никако не смеете да ја фрлите се семките од ТИКВА. Овие семчиња изобилуваат со огромни количини на магнезиум кој ако недостасува во телото се поврзува со срцеви проблеми, остеопороза и главоболки. Освен тоа овие семчиња се одличен извор и на железо и фитостероли кои го намалуваат холестеролот.