Наслов

Најлесниот пат до здрава исхрана

Колку пати досега си имаш ветено дека од утре ќе се храниш здраво и ќе посветиш повеќе внимание на твоето тело? Денес е вистинскиот ден за да го оствариш тоа!

Започни го денот со цеден сок или вкусно смути и внеси ја потребната дневна количина на витамини, минерали и хранливи влакна кои ќе ти донесат доволно енергија во текот на целиот ден. 

Да, првиот чекор никогаш не бил полесен

Придружи ни се во #PhilipsHealthyChallenge и дојди поблиску до здравиот начин на живот кој го посакуваш. Предизвикот наменет за сите оние кои сакаат да развијат здрави навики, ќе се одвива од 25 септември до 25 октомври, и има за цел преку споделување на здрави рецепти и совети да поттикне на конзумирање на здрава храна, на здрав начин. За да се вклучиш во предизвикот потребно е да споделиш 7 фотографии од здрави оброци или пијалоци користејќи го хаштагот PhilipsHealthyChallenge на твојот Facebook или Instagram профил.

Во предизвикот веќе се приклучија Сања Ристиќ, Ружица Антиќ и Дејан Пецаковски. Тие заедно со Liquid Health програмата на Philips ќе ги споделуваат личните искуства за здравиот начин на живот, а воедно и ќе се погрижат секогаш да имаш доволно инспирација за здравa исхрана. Следи ги на нивните профили на социјалните мрежи: https://www.instagram.com/sanjalala/, https://www.instagram.com/ruzicaantic/ и https://www.instagram.com/dejanpecakovski/ или пак на официјалната Facebook страница на Philips: https://www.facebook.com/philipsmkd/ 

Можеме да стартуваме? 

Направи го овој кус тест и одбери го пијалокот кој ќе го означи стартот на твојот #PhilipsHealthyChallenge

25 Септември 2017

За авторот