Наједноставната филозофија за диетите

Реалноста е секогаш многу лесна, далеку поефективна и безбедна само доколку се придржуваме кон овие неколку едноставни принципи кои се составен дел од целата диетална филозофија.

Поставете си реалистични цели
Ова е неверојатно паметен потег кој можете да го направите за почеток. Најмногу од диетите пропаѓаат поради тоа што тие имаат нереални и невозможни цели за постигнување. Затоа, не се брзајте. Целта нека ви биде полека но сигурно да губите тежина, а не 10 кила за една недела.

Фаќајте прибелешки
Многу повеќе ќе внимавате на тоа што јадете, доколку истото го следите и некаде забележувате. И најмалата работа која што сте ја грцнале запишете ја бидејќи само така ќе имате реална претстава за тоа колку точно сте консумирале.

Јадете здрава храна во умерени количини
Краткотрајни промени во вашата исхрана само до постигнувањето на посакуваната килажа нема многу да ви завршат работа. Наместо тоа, направете трајни промени во тоа како се храните, со консумирање на здрава храна која ќе ви ги обезбеди сите потребни нутрициенси. Диетата базирајте ја на фундаменталните правила за добра нутриција. Баталете ги рафинираните шеќери, мрсните меса и продукти, премногу алкохол, слатки и благи сокови. Наместо тоа јадете повеќе зеленчук и овошје, чисто месо, мешунки и јатки, здрави масти како маслиновоти и храна која е богата со диетални влакна.

ВЕЖБАЈТЕ
Ниедна од претходниве препораки нема да ве направи повити доколку не се фрлите на вежбање. Научно е докажано дека најуспешно може да се ослаби и одржи во посакуваната тежина само со редовно вежбање. Затоа не бидете мрзи и не се потпирајте само на препораките кои стојат на лист хартија на вашиот фрижидер. Станете и раздвижете се!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија