На ште срце во супермаркет, одење никако!

Потврдено е дека ако одите во супермаркет да купувате на празен стомак одбирате далеку поглупави и понездрави работи за во фрижидер!

Два експерименти, едниот во лабораторија, а другиот во супермаркет, ги донесоа потребните докази дека изгладнетите купувачи не секогаш купувале повеќе работи, но оние што ги одбирале биле не толку здрав избор.

Дури и ако сте само малку гладни тоа може да доведе до промена во изборот, од пониско калорични на повисоко калорични опции како чоколади и разни благи.

Испитувањето се поклопува со претходните сознанија дека изгладнетиот човек (оној што прескокнува оброци) секогаш посегнува по високо калоричните шеќерни закуски, па затоа се препорачува организмот да се одржува на едно константно сито ниво (јадење почесто, во помали порции).