Медот како замена за антибиотици?

На научниците од Лунд, Шведска „секирата им паднала во мед“ кога успешно излекувале кожни инфекции резистентни на антибиотици со употреба на, ништо друго, туку мевлем од мед.

Иако медот нашироко се употребува како народен лек за најразлични болести, сепак истражувањето направено на Лунд Универзитетот, научно потврдува дека суровиот мед поседува антибактериски карактеристики, но и навлегува подлабоко во нивната позадината.

„Антибиотиците секогаш се состојат само од една единствена активна супстанца која нема специфично дејство, за разлика од овие бактерии кои продуцираат миријада од супстанци според соодветната закана и успешно ја лекуваат инфекцијата, без никакво штетно дејство за домаќинот.” истакнале од Лунд.

Имено шведските научници дошле до заклучок дека 13 лактобацили од стомакот на пчелите, кои нажалост недостасуваат во комерцијалниот мед заради процесот на обработка, се одговорни за лекување на перзистентни кожни инфекции кај коњите.

Истражувачите направиле мевлем од малку мед и бактериите кои се наоѓаат во стомакот на пчелите и истиот го аплицирале кај повредените коњи, а третманот бил успешен по неколку апликации. 

Овие лактобацили, тестирани во лабараториски услови, упешно се справиле и со неколку хумани патогени како МРСА (метицилин резистентен Стафилококус ауреус), Псеудомонас аеругиноса и ВРЕ (ванкомицин резистентен Ентерококус).

Следен чекор е испитување на ефектот од антибактериските карактеристики на медот врз луѓе. Овие резултати може да имаат огромно влијание за земјите во развој каде суровиот и необработен мед полесно се наоѓа, но и за развиените земји каде резистенцијата на антибиотици е во постојан пораст.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија