Маслиново масло е клуч за здраво срце

Доколку мислите дека со ниско – маслена диета правите нешто повеќе за вашето срце и слабинска метрика, се лажете. Токму мрсните работи се тие кои ни даваат здраво срце (бар некој од нив), а шеќерите прават полесно да лебдиме во вода.

Сите оние кои практикуваат медитеранска диета или секојдневно јадат од здравите масти во маслиновото масло и јатките имаат поголеми шанси за долг и здрав живот (бар кога во прашање се срцевите проблеми). Консумирањето на повеќе од четири лажички маслиново масло на ден има голема веројатност дека може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар, според неодамнешна англиска студија.

Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини или MUFA’s кои помагаат во намалување на холестеролот во крвта и го контролираат нивото на инсулин.

Се разбира, иако овој тип на масло е здраво, во никој случај не е пожелно и со него да се претерува бидејќи и тоа, како и другите типови на масти содржи добра количина на калории. Но, не е само срцето кое има бенефит од овој маслен продукт. Еве неколку работи кои можеби не сте ги знаеле во врска со маслиновото масло:

Не е здраво само за срцето..
Богатството од анти-оксиданси во маслиновото масло има огромна протективна моќ врз клетките. Научниците ги истражуваат ефектите на овие супстанции (полифеноли) врз коските и клетките од дигестивниот систем за нивната можна канцер превентивна улога.

Extra-virgin зависи од место до место.
Овој процес на производство опфаќа буквално гмечење и цедење на маслинките за добивање на маслото. Никаква хемија не смее да биде вмешана. Законите во Европа во врска со означувањето на extra-virgin маслиновото масло се далеку построги од Америка. Таму, американците немаат стриктни регулации, па можни се фарбања и хемиски мешања од страна на компанијата со што се нарушува квалитетот на маслото.

Како го чувате е битно!
Маслиновото масло е осетливо на топлина и светлина па затоа кога пазарите одберете темно зелено шише кое ќе го заштити од светло и чувајте го на студено место. Доколку е оставено на топлина или светлина тоа губи од неговите важни состојки и станува помалку вредно.

Не мора да се користи само во исхраната.
Многу луѓе особено девојки и жени не разбираат дека луѓето со години го користеле маслиновото масло како тајна за убавина. Па дури и мултимилионски фирми за козметички производи се потпираат на него.

Истите тие кардио протективни анти-оксиданси можат да ги заштитат клетките во кожата од надворешните штетни влијанија. Тоа може да се користи во склоп на природна, домашна маска за коса или евтина варијанта за отстранување на шминка.