Здравје и убавина

Маски за лице извадени од фрижидерот

Првото правило е дека за да блескате однадвор, треба да се погрижите за внатрешноста, што во превод би значело дека квалитетот на вашата исхрана и стилот на живот, порано или подоцна, повеќе или помалку, ќе се отслика на вашата кожа, лице и тело. Покрај добрата хидратација и исхрана, сепак разгалете се понекогаш со маска за лице. И секако, зошто да купувате, кога најдобрите состојки за лицето веќе ги имате во кујната…

ЗА УМОРНА И ДЕХИДРИРАНА КОЖА

Краставицата е одлична за рехидратација на кожата и за освежување. Изблендирајте половина краставица со 1 лажица јогурт. Држете ја маската 10-15 минути и исплакнете со ладна вода. И секако, не ги заборавајте рејбанките од крставица за очите!

ЗА КОЖА ПОДЛОЖНА НА АКНИ

Тајната на индиските жени, се вели, дека е во маската за лице од куркума, поради нејзиното антибактериско дејство. Измешајте 1 лажичка куркума, со 1 лажичка брашно и 1 голема лажица млеко, да добиете паста. Измијте ја маската со млака вода по 20 минути.

ЗА КОЖА БЕЗ СЈАЈ

Еднотавно намачкајте една лажичка мед на лицето и вратот и бидете медени околу 20 минути, а потоа исплакнете.

ЗА СУВА КОЖА

Жолчката од јајце или пак маслиновото масло се одлични за сувата кожа. Користете ги поединечно или направете комбинација од една лажичка маслиново масло и жолчка од јајце и нанесете на лицето. Оставете да делува 15 минути и исплакнете.

ЗА ЕКСФОЛИЈАЦИЈА

Користете бел или кафеав шеќер, еднаш до двапати неделно, за да го симнете површинскиот слој на мртви клетки од лицето и вратот, без никакви последици.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија