Мафини со сирење
Клуч за успех е да направите вкусни мафини при процесот на подготвување на тестото. Затоа точно следете ги дадените упатства!
- 260 мл јогурт
- 90 мл масло од гроздови семки
- 1 јајце
- 200г полнозрнесто брашно
- 1 лажичка пециво за печење
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка босилек
- 1/2 лажичка морска сол
- 1/2 лажичка бибер
- 50г бело овчо сирење или мешано сирење
- 50г кашкавал
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Подгответе 12 модли за мафини на сад за печење.
2. Истурете го брашното, пецивото, содата, солта, биберот и босилекот во еден сад.
3. Во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото и јајцето.
4. Во течните состојки додадете го белото сирење на мали парчиња.
5. Истурете ги течните состојки во мешавината со брашно и мешајте ги сите заедно, но не премногу.
6. Додадете изрендан кашкавал и промешајте лесно.
7. Исполнете ги мафините 3/4 и попрскајте ги со семиња одозгора.
8. Печете ги околу 15 минути.