Природен греач на тело!

Лута млечна супа од кокос!

Необично здрава супа…

 
  • 480 мл. домати од конзерва
  • 400 мл. кокосово млеко
  • 400 г. слатка пченка
  • 1/2 сок од лимон
  • 1-2 см ѓумбир
  • 2 супени лажици темјан
  • 1 мала лута пиперка
  • За сервирање:
  • 100 г. овчо или мешано бело сирење
  • 1 шоља солени индиски ореви
  • 4 парчиња полу сушени урми
 

Подготовка

1. Ставете ги во тенџере доматите, пченката, темјанот и во пресечете ја лутата пиперка на ситни парчиња.

2. Загрејте на среден оган околу 5 минути.

3. Додајте рендан ѓумбир, лимонов сок и кокосово млеко.

4. Оставете се заедно да се вари 15-тина минути.

5. Зависно од вкус, можете да додадете повеќе ѓумбир или чили.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија