Лоши навики после оброк

За телото да функционира беспрекорно, освен на она што го јадеме, потребно е да обратиме внимание и на она што го правиме по јадењето. Се препознавате ли во некоја од овие навики?

За некои навики и теркови што ги имаме понекогаш не сме ни свесни дека не ни се од полза. 

Туш По оброк, во таканаречениот постпрандијален период, целиот крвоток е сконцентриран околку стомакот со цел да ја помогне дигестијата. Туширањето ја менува температурата на површината на телото, па крвта се распоредува кон периферните делови, а храната потешко се вари.

Вода Пиењето вода е добра навика, но непосредно по оброк, водата може да ги разреди дигестивните ензими и да дојде до поспоро варење на храната. Затоа почекајте барем 15 минути по оброкот пред да земете течност.

Цигара Без разлика „колку оди цигара по јадење” пушењето е лоша навика земено генерално, но дополнително по оброк доаѓа до пренасочување на крвотокот кон дишните органи со цел организмот да се справи со токсините, наместо фокусот да падне на варењето на храната.

Овошје Да се разбереме, наместо десерт далеку подобро е да изедете праска или лубеница или било кое друго овошје. Но веднаш после оброк, додека дигестивниот тракт е зафатен со преработка на друга храна може да дојде до ферментација на овошјето, проследено со чувство на топлина во градите, ждригање и подуеност. Препораките се овошјето да се јаде барем еден час по оброк.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија