Оброк за жешките летни денови

Ладна супа од цвекло

Ако го сакате вкусот на цвеклото, тогаш веднаш ќе се вљубите во оваа супа. Не се плашете да подготвите и поголеми количини, бидејќи супата брзо ќе ја снема, а следниот ден има уште подобар шмек.

 
  • 3 варени цвекла
  • 1 краставица
  • китка млади кромиди
  • китка копар
  • 4 ротквици
  • 2 варени јајца
  • 1л ајран
  • 400мл кефир
  • 1 мала шолја кисела водa
  • оцет
 

Подготовка

1. Испасирајте го цвеклото и помешајте со додавање на неколку лажици оцет. Оставете ја смесата во фрижидер неколку часа.

2. Во меѓувреме, исецкајте мали парченца краставица, ротквици, кромидчиња и копар.

3. Измешајте ги зеленчуците со маринираното цвекло, а потоа додадете го ајранот, кефирот и киселата вода.

4. Се сервира со исецкани варени јајца и со парче полнозрнест леб.

Забелешки:
– Можете да користите и купечко маринирано цвекло, но она што е подготвено дома е секогаш подобра опција.

– Нема потреба да додавате сол, бидејќи ајранот е доволно солен.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија