Инфографик

Комплетен прирачник за справување со мамурлакот

Бидејќи скоро секој во некоја точка од животот мора да ја издува „пареата“ од лонецот, а многу често варијаната на избор е алкохолот, мамурлакот е неизбежна последица со која треба да се справиме. А исходот на утрото во голема мера зависи од тоа како се поставуваме пред, за време и после журката. Така да, планирајте!

Нормалните симптоми на мамурлакот како главоболка, вртоглавица, осетливост на светлина, намалени моторни способности и други се предизвикани од промени во телесната хемија поради ефектот на алкохолот врз телото и променетите хормонски нивоа.

Поради фактот што науката позади мамурлакот е во главно неистражена, луѓето со векови измислувале свои „лекови“. Ништо (освен непиење) не може да гарантира утро без мамурлак, но еве некои стратегии како би можел да се намалат несаканите ефекти.

Source

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија