Колку е веројатно дека не сте јаделе васаби?

Љубители на интензивниот зелен намаз, доколку не сте јаделе во некој ексклузивен суши ресторан во Јапонија шансите дека сте јаделе вистинско васаби се помножени со нула…

Како што ќе видите во видеото подолу, најголемиот процент од васаби сос што се служи низ светот е всушност мешавина од рен, сенф и зелена боја за храна. Не дека двата корени немаат сличен вкус, иако не идентичен, но сепак не ја добивате вистинската работа. Васаби Јапоника е всушност растение кое се расте на територијата на Јапонија, а помалку и во Кина, Нов Зеланд, Тајван и Австралија.

Сепак производството ни одблизу не ја задоволува побарувачката, затоа што Васаби Јапоника си бара специфични услови. Ниту премногу светлина, ниту премалку светлина, свежа речна вода постојано, 13-18 степени целзиусови, дополнително нема никаква механизација во целиот процес. А да и откако ќе се приготви прилично брзо го губи вкусот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија