Колку е важен јодот?

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на јод може да доведе до малфункција на тиродината жлезда, гушавост, депресија, летаргија, пад на имуниот систем, забавен метаболизам, зголемување на телесната тежина…

Не е претерување ако се каже дека квалитетот на нашиот живот директно зависи од адекватните нивоа на јод. Иако поради присуството на јод во готварската сол, денес е реткост на нашите простори да се види јодна дефициенција, сепак пресметките на СЗО се дека 1/3 од светската популација покажува некако облик на недостаток на јод.

Јодот е есенцијален елемет

Тироидната жлезда ги создава хормоните кои го регулираат метаболизмот тријодтиронинот Т3 и тироксинот Т4 и тоа со помош на јод. Без овој елемент доаѓа до намалена продукција на тироидни хормони и успорување на метаболизмот.

Готварската сол не е најдобар извор на јод

Заедно со сите неповолности што ги носи зголеменото количество на сол за кардиоваскуларниот систем, најчесто истата е засилена со некакви артефициелни форми на јод. Од друга страна јодот испарува, па ако дома чувате поголемо количество сол ќе нема ни трошка од овој елемент во рок од десетина месеци.

Недостатокот на јод се поврзува со рак

Иако ракот на дојка се поврзува со повеќе фактори сепак неколку истражувања го поврзуваат токму јодот со појава на ова малигно заболувања. И тироидната и млечната жлезда имаат потреба од јод за да функционираат правилно, а во земјите каде исхраната изобилува со јод заболувањата на овие две жлезди се многу поретки.

Јодот е одличен за дезинфекција

Ефикасен е во убивањето на голем број микроорганизми, па широко се употребува во медицинската пракса како дезинфициенс и за обезбедување стерилна средина. Освен надворешна дезинфекција, јодот има улога и на внатрешна детоксикација така што спречува акумулација на на флуор, хлор и бромин во телото.

Бремени жени имаат зголемена потреба

Бидејќи голем дел од јодот кај бремените жени се искористува за плодот, често незабележителниот недостаток на овој елемент кај идните мајки може да прејде во подлабока дефициенција.

Добар извор на јод?

Најдобриот извор на јод е морето. Токму рибата и морските плодови и алгите изобилуваат со овој елемент. Друга храна со висока содржина на јод се јајцата, органското млеко и јогурт, темнозелените листести растенија и сувите сливи. Дневната доза на јод во организмот за возрасна личност изнесува од 0,1 – 0,2 мг и се зголемува кај бремени жени и доилки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија