Кокос колачи!

На здравје!

 
  • 100 г. кокос
  • 100 г. cецкани ореви
  • 50 г. несолен путер
  • 1 супена лажица згуснато млеко со шеќер (Noy Noy)
  • 2 супени лажици пченкарно брашно
  • 1/2 мала лажица прашок за пециво
  • 70 г. шеќер
  • 1 јајце
 

Подготовка

1. Стопете го путерот и оладете го.

2. Замешајте го кокосот, ореви, шеќер, јајце, прашок за пециво, згуснато млеко, пченкарно брашно и топениот путер.

3. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер да отстои 1 час.

4. Загрејте ја ререната на 190 степени.

5. Ставете хартија за печење во тава. Со мала лажица направете колачиња во големина од 2 см и задржете 2 см растојание помеѓу нив зашто ќе се зголемат во печењето. Ставете на секое колаче по едно парче орев.

6. Печете ги 10-тина минути. Оладете ги и отстранете од тавата.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија