Кога здравата храна ќе почне да дебелее

Ова се неколку примери како оние здрави намирници, преполни со нутритиви кои добро се одразуваат врз телото, во само еден миг може да се претворат во супстрат за дебелеење. Затоа проследете ги добро, пронајдете каде грешите и одберете ја подобрата варијанта и количина…

ЈАТКИ

Во удобното опкружување на домот, на спортски настан или на по една кригла, јатките се генерално омилена занимација за прсти и стомак. Но иако се полни со здрави масни киселини, едното пиво надополнето и засолено со неколку раце јатки веќе сумирате една сериозна калориска вредност, која нема да ја потрошите седејќи на кауч. Внимателно со количината јатки…

АВОКАДО

Одличен извор на здрави масти и дозволено и препорачано во секоја диета. Изобилува со диетални влакна, околку 14 грами диетални влакна во еден плод и огромна количина на калиум. Зошто авокадото е на оваа листа? Набиено е до врв со калории, во едно средно авокадо има 322 калории, па ако сакате да симнете некој килограм немојте да претерувате.

ЖИТНИ ДЕСЕРТИ

Уште една намирница која крие голема калориска вредност, а лесно е да се претера кога ја консумирате. Протеините кои ги содржи житниот бар се полезни, но не и шеќерите кои најчесто се пропратен составен дел. Професионалците советуваат да ги чувате овие десерти за кога ќе бидете во гужва, патувате или кога ќе ви треба брз извор на енергија и секогаш одберете квалитетен житен десерт. Насоки за одбирање на здрав енергетски бар

СУВО ОВОШЈЕ

Супер лесен, достапен и брз извор на нутрициенси и антиоксиданси. Но сушеното овошје често е преполнето со екстра шеќер, заради самиот процес на обработка. Освен тоа има повеќекратно помал волумен од свежото, па комотно може да изедете повеќе и да внесете далеку повеќе калории отколку што треба или сте планирале.

БЕЗГЛУТЕНСКА ХРАНА

Многу луѓе, без воопшто да се информираат, без глутенската храна ја прифаќаат како поздрава и помалку калориска за разлика од глутенската. Вистината е дека глутенот е проблем само за оние кои се интолерантни на истиот и нема последици по здравјето кај останатата популација. Храната која е безглутенска не мора да значи дека има помалку калории или поздрава од храната со глутен.

СПОРТСКИ ПИЈАЛОЦИ

Многу калории и многу шеќери во мало пакување. Освен ако не планирате да заглавите на тренинг и ви треба инстант енергија, не посегајте по овие пијалоци. А суплементите, електолитите и витамините кои ги содржат далеку полесно се абсорбираат преку храна отколку во оваа форма.

СМУТИ

Бескрајните можности на блендерот може смутито, наместо доза од витамини, да го направат вистински ручек сосе десерт. Ако додавате путер од кикирики, овошни сирупи и течно чоколадо, без разлика што е смути, сепак не е погодно ако припазувате на исхраната. За повеќе кремаста структура додадете нискомаслен јогурт и удрете повеќе на зеленчук, ако веќе се фаќате за здравата опција.

ТУНА

Сама по себе е ефтина и ниско калорична здрава храна која е добредојдена во секоја диета. Но кога туната ќе ја направите туна салата со некој тежок дресинг или туна сендвич со дебело лепче, веќе ги нема истите карактеристики. Совет за љубителите на сендвичи: Користете само едно лепче, врз кое ќе ги наредите намирниците, а изоставете го капачето.