Нешто околку најозборуваната тревка на денешницата

„Ако канабисот беше откриен во амазонските шуми денес, луѓето ќе се туркаа да извлечат што е можно повеќе од сите потенцијали кои ги нуди растението. Нажалост има долга историја на осудувана билка.“ – Д-р Доналд Абрамс, началник на онколошкиот оддел во болницата во Сан Франциско.

Денешниот човек сè почесто се свртува кон третман и лекување кое е похармонично со телото и не нанесува штета, наместо кон западната медицина и фармацевската индустрија. Тука се вклопува и канабисот, особено во својата сирова форма.

Малку историја… За билката и нејзините психостимулативни својства се знае уште од Античка Кина, каде била користена како аналгетик, но примарната употреба сепак била производство на јаже и текстил од коноп. За иста цел ја користеле и античките Грци и античките Римјани, а Индијците за ритуални и религиозни цели. Во арапските земји во 15 век канабисот се користел за лекување епилепсија. Наполеон ја донел во Европа, а оттука била пренесена и во Африка, па во Јужна Америка. Во втората половина на 19 и почетокот на 20 век марихуаната била слободно користена и лесно достапна за лекување на мигрена, улцери и отстранување на дигестивни тегоби.

Инаку постојат двете форми на истото растение, една која ја именуваме како коноп и служи за индустриски цели, со многу мала количина на ТХЦ и втората која ја именуваме како марихуана и содржи поголеми количини ТХЦ, се користи во медициски цели или како рекреативна дрога.

Што се случило? Во 1937, и покрај противењето на Американската Медицинска Асоцијација, била воведена забрана и голем данок за марихуната, со што се отежнува одгледувањето, а цената нагло пораснува. Тука започува и криминализацијата на марихуаната, особено за време на хипи движењето во 60ти и 70ти.

Неопходен есенцијален зеленчук! Според д-р Вилијам Л. Кортни следната супер храна треба да биде токму канабисот и тоа во својата сирова форма. Инаку психотимулативните својства изостануваат кога се консумира свежото растение, а од друга страна вредните материи преку кои конопот го остварува својот здравствен бенефит се уништуваат при процесите на сушење и изложување на температура. Најдобар начин да се консумира е преку правење сок во соковник според д-р Кортни.

Што знаеме до сега? Испитувањето на ефектите на канабисот и канабиноидите е отежнатно поради фактот што марихуаната е нелегална во повеќето земји. Инаку, направени се испитувања, најчесто на експериментални животни каде се докажани антиканцерогени својства на канабисот преку повеќе механизми и тоа преку инхибиција на раст туморски клетки без оштетување на клетките на домаќинот, уништување на туморски клетки, блокирање на вакуларизацијата на тумор.

Од друга страна со сигурност е докажано дека марихуаната ги намалува негативните симтоми како последица на хемотерапијата, го подобрува апетитот, ја намалува болката, го подобрува спиењето. Како негативни последици од консумацијата на канабис може да се јави срцебиење, несоница, гадење и повраќање, параноја… 

На прашањето дали марихуаната води кон употреба на потешки дроги не постои сигурен одговор. Она што е сигурно докажано е дека околу 9% од редовните корисници развиваат симпотми на зависност, при што марихуаната и понатаму е помалку штетна од никотинот при чие консумирање зависноста се јавува во 35% од случаите; од кокаинот, каде што 17% од рекреативните корисници стануваат зависници; и од алкохолот при кој зависноста се јавува во околу 15% од случаите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија