Наслов

Каде грешиме со калориите?

Повеќето луѓе веруваат дека се хранат здраво, но некои хранливи продукти што ги сметаме за диетални честопати имаат повеќе калории отколку што мислиме. Затоа, дознајте ги "измамниците" со кои треба да бидеме повнимателни.

Списанието Shape го направи списокот на "измамниците" во исхраната. Прочитајте кои се тие...

1. Сушено грозје

Една мала кесичка суво грозје може да содржи и до 130 калории, па експертите сметаат дека е подобро да се јаде полн сад од свежо грозје, па така да заштедите на калории. Сувото грозје е здраво и одлично за варење, но не е храна со малку калории.

2. Слатки со ориз

Иако се чини дека се "диетални", тие речиси и немаат вкус, a често содржат ист износ на калории како обичните колачи.

3. Црно чоколадо

100 грама од ова чоколадо може да содржи до 600 калории. Затоа, не претерувајте со црното чоколадо само затоа што е поздраво од вообичаеното, туку јадете само малку, оставајќи го остатокот за утре.

4. Маслиново масло

Две лажици маслиново масло го збогатуваат оброкот со дури 238 калории, што многу луѓе не ги забележуваат, бидејќи сметаат на тоа како "здрава храна".

5. Лосос

Едно парче има во просек околу 700 калории, а кога додаваме масло и зачини, може да достигне и до 1.000 калории (без компир, ориз или салата). Лососот е многу здрав и многу добар за нашето здравје, но има повеќе калории отколку што мислат многу луѓе.

6. Трошки од леб

Фактот дека тие се трошки не значи дека се без калории. Ако одлучите да додадете трошки од леб, додавате 100 до 150 калории во вашиот оброк.

15 Септември 2017

За авторот