Јадење пред спиење можело да биде и здраво

Шуќур, не било сè така црно. Понекогаш било здраво нешто да се касне пред да залегнете во вашите топли кревети.

Генерално, по муабетите што ги слушаме од сите страни, јадењето пред легнување е страшно лоша навика која воопшто не е здрава. Тоа е точно доколку рутинското грицкањето пред легнување го оптеретува вашиот дневен калориски буџет или пак доколку јадењето е толку „лесно” што не ве остава око да склопите. Но, не секогаш ваквото консумирање на храна е лошо, а дури понекогаш знае и да биде и добро.

Да видиме кој е кандидат да биде среќниот добитник на ваков тип на дозвола!

Доколку сакате да накачите некое кило
Повеќето луѓе кои сакаат да се здебелат најчесто имаат проблеми со апетитот и многумина не се чувствуваат доволно гладни за да ги внесат потребните калории во текот на дневните оброците. Но, со доволно долга пауза меѓу вечерата и легнувањето, често, на овие луѓе јадењето на некоја храна пред спиење им доаѓа одлично.

Доколку сте оставиле некое место за додатна лесна калорија
Немој да мислите дека јадењето што сте го изеле навечер ќе ве направи подебели отколку ако истото ако го изедете нешто порано! Часот кога сте јаделе горе-долу не е битен, битни се калориите. Тоа значи дека, јадењето навечер е во ред само доколку не го надминува вашиот дневен лимит на калории.

Доколку ви го подобрува сонот
Многумина ова го наоѓаат како корисен начин како асално да се наспијат. Сепак, не е во ред хормоните на гладот (грелин и лептин) да бидат во дебаланс кога одите на спиење.

Доколку имате напорен тренинг или натпреварување по сабајле
Доколку сте професионална атлета, а наредното утро имате важен натпреварувачки настан, јадење на високо јаглехидратна храна пред легнување може да ви помогне сабајлето да имате полни батерии.

Доколку сакате да накачите маса
Маса ќе набилдате само доколку правилно и редовно внесувате протеини во склад со вежбањето. Откако вашата вечера ќе биде преработена и апсорбирана, нивото на амино-киселини во крвта за време на сонот паѓа, а со тоа се успорува градењето на мускулните протеини. Скорашна студија покажа дека високо протеински шејк пред легнување ги зголемува нивоата на амино-киселини во крвта со што процесите на синтеза на мускулните протеини за време на сонот се зголемува.

Немаме сомнеж дека веќе се најдовте себеси како еден од кандидатите, само гледајте тоа да биде регуларно!