Јаболковиот спектар на пазарчињата

Тезгите се преполни со разновидни „3 за 100“ кисели, зелени, слатки, црвени, жолти јаболка. Која сорта за каква намена во следните неколку пасуси…

ГАЛА оваа сорта доаѓа од Нов Зеланд. Крцкава, ароматична и сочна, со сладок вкус. Големината и тенката лушпа ја прават погодна за јадење за децата, а одлична е и за подготовка на пити или како свежа за освежување и хидратација. Бојата ѝ е жолта со црвени траги на сончевата страна.


 Дали сте знаеле дека јаболката потекнува од фамилијата на рози.


 

ЗЛАТЕН ДЕЛИШЕС за оваа сорта велат дека не можете да бидете сигурни дали јадете јаболко или пиете шампањ. Лушпата и е тенка, а месестиот дел крцкав и медено сладок. Одлична е како цел плод или во овошна салата, но и за готвење и печење.


Јаболката пливаат во вода бидејќи 25% од волуменот отпаѓа на воздух.


ЈОНАГОЛД најдоброто од дивите сорти е споено во ова јаболко. Вкусот е слатко-кисел, а текстурата крцкава и сочна. Одлична е за јадење, во овошна салата и за печење.

АЈДАРЕД оваа америчка сорта има одлична арома и бела крцкава внатрешност, со слатко кисел вкус. Освен свежа или во овошна салата, исто така добро се вклопува и во готвени или печени десерти и јадења.

ГРЕНИ СМИТ е сорта која претставува синоним за јаболко. Откриена е во Австралија од Марија Ан Смит, дамата одговорна за популарнста на ова јаболко. Интензивната зелена боја е привлечна за окото, а нагласениот киселкаст вкус за јазичните папили. Оваа сорта може долго по бербата да се чува, а е сенаменска кога станува збор за консумирање. Бидејќи потемнува поспоро често се користи во овошни салати, а исто така содржи најголема количина на пектин, па е одлична за џем и мармалади.


Постојат докази дека луѓето јаделе јаболка 6500 години п.н.е.


ЦРВЕН ДЕЛИШЕС е исто така америчка сорта на јаболка, која освен името нема други сличности со златниот делишеш. Нејзиниот вкус е сладок, а содржи голема количина на шеќер, со низок процент на киселина. Има темноцрвена сјајна боја.

ФУЏИ со потекло од Јапонија е ароматична, сочна и крцкава сорта за која е карактеритично најдолго време на чување од сите слатки јаболка. Вкусот е нагласено сладок, а уште со првиот загриз ја исполнува устата со вкусен јаболков сок. 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија