Извадете ги бубрежињата од лој

За повеќето од нас бубрегот е органот што личи на гравче. Но овој пар органи е клучот за отстранување на токсичните материи од нашиот организам.

Бубрезите играат главна улога во прочистувањето на крвта, отстранување на токсини и непотребни продукти на метаболизмот, продуцираат хормони кои го контролираат крвниот притисок, го активираат витаминот Д кој е неопходен за коскениот ситем и уште ред други активности.

Овие органи преработуваат околу 189 литри крв секој ден и отстрануваат околу 1.89 литри непотребни материи преку урината. За да се одржува оптимално здравје, многу е важно да ја олесниме работата на најголемите органи за прочистување во организмот, црниот дроб и бубрезите. За црниот дроб можете да прочитате на овој линк, а неколку хербални прочитувачи следуваат во текстот подолу како превентивна мерка од бубрежни заболувања.

 

ДАБОВА КОРА

Чајот од дабова кора е делотворен за подобрување на функцијата на бубрезите, моќен прочистувач од токсини, делува противвоспалително и многу се користи во народната медицина. Неговите својства се препишуваат на големата содржина на танини. Една лажичка сушена дабова кора се прелива со 250 мл вода.

 

БОБИНКИ ОД СМРЕКА

Флавоноидите со кои изобилува смреката покажуваат антиинфламаторни карактеристики и делуваат диуретски што е поволно за бубрезите. Може да се консумира како масло од смрека кое се купува како суплемент или кај чај од бобинките на смреката.

 

БРУСНИЦА

Чајот од брусница се покажува како ефективно средство за спречување на појава на камења во бубрезите, но исто така и за лекување и превеција на уринарни инфекции. За брусницата се смета дека ги спречува уропатогените бактерии како што е ешерихија да се прилепи за епителот и на тој начин има превентивно дејство.

 

ПЧЕНКАРНА СВИЛА

Користена во народната медицина за олеснување на функцијата на уринарниот тракт и бубрезите поради нејзините диуретски и детоксикациски карактеристики. Најчесто се консумира како чај, но може и како тинктура.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија