Ирегуларното спиење дебелее?

Непреспиените ноќи го нарушуваат балансот на хормоните кои се одговорни за регулација на апетитот. Последиците се покажуваат на вагата…

Добриот сон и оние препорачани 8 часа одигруваат важна улога во многу сфери за оптимално и физиолошко функционирање на телото. Кога организмот добива доволно сон, доаѓа до хормонска стабилност и баланс.

Во спротивно, малку часови сон доведуваат до низа на нерегуларности меѓу кои и пореметување на двата главни регулатори на апетитот, грелин и лептин. Додека лептинот се продуцира кога се храниме, со цел да му даде стоп сигнал на телото за потребата од храна, грелинот е хормон кој предизвикува чувство на глад.

Истражувањата покажале дека луѓето кои спијат 5 или помалку часови во текот на ноќта имаат покачено ниво на грелин и се склони кон храна богата со јаглехидрати како инстантен извор на енергија, додека спиењето кое трае 8 или повеќе часови има спротивен и полезен ефект.

Според новите регулации на СЗО еве колку часа ви се доволни за напивање според старосната група:

Новороденчиња (0-3 месеци) – 14 – 17 часа
Бебиња (4-11 месеци) – 12 – 15 часа
Мали деца (1-2 години) – 11 – 14 часа
Деца во предшколска возраст (3-5 години) – 10 – 13 часа
Деца во школска возраст (6-13 години) – 9 – 11 часа
Пубертетлии (14-17) – 8 – 10 часа
Младинци (18-25) – 7 – 9 часа
Возрасни (26-64) – 7 – 9 часа
Стари луѓе (65 и постари) – 7 – 8 часа


Можеби ќе ве интересира: Спортисти, поспијте си!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија