Подобрете го имунитетот на природен начин

Започнува сезоната на празници, снег, скијање и ниски температури, а во пакет доаѓаат и вирусите, настинките, црвениот нос и болното грло. Започнете уште веднаш со стратегија за природна имунизација за да се заштитите и себе и вашите блиски.

За да функционира беспрекорно, имуниот систем бара баланс и хармонија во телото. Квалитетот на живот има директно влијание врз способноста на организмот да се штити од надворешните штетни агенси. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на протеини, минерали или витамини значително ја зголемува подложноста на инфекции, бидејќи истите тие макро и микронутрициенси доколку редовно и балансирано се консумираат го зајакнуваат имуниот систем. 

Ви предлагаме неколку продукти кои докажано, на природен начин го стимулираат имунитетот и го штитат од инфекции…

ЃУМБИР

Чајот од ѓумбир е одличен начин за смирување на болното грло, а поседува и дополнителни полезности за имуниот систем. Ѓумбирот е одличен извор на фитохемикалии (zingerone, shogaole, gingerole) кои поседуваат антиоксидациско дејство, ја подобруваат работата на Т-клетките на имуниот систем, дејствуваат антиинфламаторно и имат антибиотско дејство. Можете да го купите во свежа форма, како чај, дехидриран и смелен во прав.

МАСЛО ОД ДИВО ОРИГАНО

Покажува антибактериски и антисептични способности, па така делува како ефикасен и потпорен механизам за имунолошкиот систем во борбата против паразитарни, бактериски и вирусни инфекции. Огромната количина на феноли (thymol, carvacrol) што ги содржи маслото од диво оригано, овозможува со само неколку капки да се постигне ефект и тоа врз повеќе системи како респираторниот систем, уринарниот и дигестивниот тракт.

МАСЛО ОД ЦРН КИМ

Познато и како црно семе или nigella sativa има благотворно влијание врз имуниот систем. Истражувањата покажуваат дека е ефикасно против повеќе Грам+ и Грам- микроорганизми, паразити и габички, благодарение на биоактивните компоненти (p-cymene, thymoquinone, α-thujene, longifolene, β-pinene, α-pinene, carvacrol) кои се застапени до 85%. 

Според германскиот имунолог Д-р Петар Шлајхер и егпетскиот доктор Мухамед Салех црниот ким помага за повеќето болести на тој начин што директно делува на стабилизирање на имунолошкиот систем што е објаснето во нивната заедничка книга.

ПЧЕНИЧНА ТРЕВА

Моќен антиоксиданс, но и извор на витамини, аминокиселини и минерали. Пченичната трева е одличен начин за да ги внесете сите потребни аминокиселини во организмот и да му обезбедите супстрат на имуниот систем да функционира беспрепрекорно. Истовремено помага во отстранување на токсините, подобрување на крвната слика и алкализирање на телото. Препорачана доза е 1-3 лажици дневно пченична трева во прав растворена во течност.

СПИРУЛИНА

Има одлична нутритивна карта со импресивни 50-65% кои отпаѓат на протеини, воедно и сите есенцијални аминокиселини. Покрај големата хранлива вредност оваа алга се поврзува со огромен буст на имуниот систем. Се смета дека ги намалува симптомите од алергискиот ринит кај алергичните на полен, има антивирусно, антиалергиско и антиканцерогено дејство. Помага во регулација на флората во усната празнина и во цревата при лечење на опортуни инфекции како габичните од кандида видот.

КОКОСОВО МАСЛО

Вкусен и хранлив начин да се заштитие од инфекции. Овој ефект на кокосовото масло доаѓа од лауричната киселина, која е застапена со речиси 50%. Во телото се метаболизира до монолауреат, супстанца со антибактериски способности која се бори со патогените бактерии како белиот стафилококус и габичките на кандида. Секогаш бирајте ладно екстрахирано, нерафинирано, небелено коксово масло, без додатоци од органско потекло за да го постигнете оптималниот ефект врз имуниот систем.

ЛУК

Двете главни состојки кои ги содржи лукот, а од кои потекнуваат неговите медицински вредности се алицинот и диалил сулфидите. Алицинот е главната состојка која има антибактериски, антивирални и антифунгални својства и таа е активна само кога лукот механички добро ќе се обработи односно изгмечи или иссецка. Сулфидите пак во мали тие делуваат како анти-оксиданси и стимулираат продукција на медијатори кои ги релаксираат крвните садови со што го намалуваат крвниот притисок, го детоксифицираат организмот и го јакнат имуниот систем. 

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија