Храна која ви цеди, наместо да ви дава енергија

Кога вашите прехрамбени навики играат улога на вентил за цедење енергија…

Енергетски пијалоци

Инстантната енергија, како што ќе дојде така и ќе пројде, па брзо по енергетскиот/кафеински буст ќе почувствувате инстанен пад на енергија. Според ова истражување една група испитаници примиле енергетски пијалок со шеќер и кофеин, а другата група само кофеински пијалок. По 20 минути резултатите во монотоните вежби на двете групи биле исти, но по 50 минути оние со шеќерот покажале значително заостанување.

Шеќерни појадоци

Благите и тестести појадоци како крофни, лиснатите теста, кифлите се опасни цедачи на енергија, а всушност најголем дел од популацијата денот го започнува со токму ваков појадок. Ваквиот тип на храна, брзо го крева нивото на шеќер во крвта и го намалува производството на еден неуротрансмитер орексин одговорен за будност и алертност.

Масна и пржена храна

Пржените компиричиња и сличните на нив предизвикуваат изнемоштеност, а на долги стази дури и намалување на когнитивната функција. Ова особено важи за исхрана која исто е богата со заситени масти и рафинирани шеќери.

Алкохол

Си постои причина зошто се препорачува чаша вино кога не можете да заспиете. Истото делува како депресив, но од друга страна повеќе вино во тек на повеќе денови може да ви ги смени навиките за в кревет. Според едно истражување алкохолот доведува до повеќе длабок сон и помалку РЕМ фаза (неопходна за свежина, меморија и алертност следниот ден).

Исхрана сиромашна со железо

Најчеста причина за немање доволно енергија е немање доволно железо. Посегнете по храна богата со железо како зелените листести растенија, ќељ, спанаќ, блитва, и повремено пилешкото и рибата заменете ги со црвено месо за железна крвна слика и повеќе енергија.