Хормони за балансирање на гладта

Грелин и лептин и нивното дејство кон метаболизмот

Зошто сме гладни? Зошто кога после одредено време чувстуваме глад? Како ќе дознаете дали сте вистински гладни или само сте жедни? Дознајте со статијава нешто повеќе за грелин и лептин.

Лептин е лидер на сите наши хормони, администраторот на буквално се што се случува во вашето тело. Едукација на неговата функција на овој хормон ќе направи екстремна разлика на целокупната загуба на масти и подобрување на целокупното здравје. Лептин се излачува првенствено во белите масни клетки или складирани маснотии, како и во стомакот, срцето, плацентата, и скелетните мускули. Тој потоа патува преку крвта и ја преминува мозочната бариера која потоа директно патува во хипоталамусот и ни сигнализира дека имаме доволно гориво.

Ако нивото на лептин е ниско тој ни кажува да јадеме повеќе, а ако нивото е високо, јадете помалку. Сега веројатно се прашувате зошто дебелите луѓе продолжуваат да јадат, нели? Тоа е лесно, тие стануваат отпорни на лептин слично кога се отпорни на инсулинот. Интересно е за нашите складираните масти, всушност, тие се метаболички орган, слични на вашите надбубрежните жлезди и тироидната жлезда.

Кога нивоата на лептин се високи нашиот метаболизам се зголемува,ова се однесува кога сме во добра согласност со исхраната,во спротивност каде што храната е на располагање,ако ние гладуваме со самите себеси, или ограничуваме со калории,во обид да се изгубат телесните масти брзо,нивоата на лептин нагло паѓаат и нашиот метаболизам се намалува, па оттука и причината зошто 80% од луѓето кои ги губат мастите брзо на калорично-ограничени диети ги враќаат враќаат маситите и сите што се на диети враќаат повеќе од изгубената тежина на по враќањето во своите стари навики во исхраната. Многу луѓе ги игнорираат нивните сигнали на лептин поради мислење дека губат маснотии па така добиваат прекумерна тежина и стануваат лептин отпорни, круг кој секој пат се повторува, навистина.

Лептин, исто така игра голема улога во регулирање на функцијата на вашиот мозок, функцијата на вашиот имунолошки систем, како и координирани напори на сите други хормони во вашето тело – вклучувајќи тироидната функција, надбубрежните функција и стрес, и репродуктивната функција.

Грелин е хормон кој примарно се излачува во стомакот кога е празен.Кога стомакот лачи Грелин, тој патува низ крвта и ја обиколува мозочната бариера и завршува во хипоталамусот, каде што потоа ни кажува дека сме гладни. Лептин отпорноста предизвикува да се дисбалансира нивото на Грелин затоа имате прекумерна глад и желби, кој потоа следи тешка конфузија на метаболизмот.

Двата хормони го регулираат апетитот и гладта, и двата од нив ја регулира хомеостазата (ова е способноста на вашето тело да остане иста и одржување на тежината која секогаш сака да остане) во овој случај, тогаш сте адекватно нахранет. Кога ќе се обидете да ги изгубите мастите, вашето тело веројатно ќе одговори со промена на нивото на хормоните така што ќе производот од тоа е гладта. Очигледно, ова претставува предизвик за луѓето кои се обидуваат да ги изгубат мастите и да ја задржат истиот процент на масти,генерално води до феноменот наречен “јо-јо диети”.

За да се задржат стабилни нивоа на лептин и грелин важно да се држиме до редовните тренинзи за снага, кардио и планот за исхрана, со клучните работа што бараат редовност.За контрола на нивоата на лептин и грелин мора да се биде издржлив и цврст во сите овие напори.Затоа хранете се здраво,вежбајте и спијте редовно тоа е успехот за топењето на мастите и животен стил кој вреди да се следи и да се негува.