Грабајте овошје во точниот тајминг

Овошјето е неопходен дел од секојдневната исхрана, особено во периодите кога го има свежо и во изобилство. Но, од витално значење е правилниот тајминг на неговото конзумирање, бидејќи разликата во искористливоста е огромна.

Кога јадете овошје, тоа поминува низ вашиот стомак (желудник) прилично брзо и ја стимулира дигестијата за оброкот што следува. Затоа е важен и редоследот по кој што го внесувате овошјето во организмот.

За да ви се зголеми ефикасноста при преработка на храната, овошјето треба да се конзумира на следниот начин:

1. Јадете го на празен стомак. Тоа нека ви биде прво нешто што ќе го направите наутро, бидејќи тогаш витамините најдобро се апсорбираат. На овој начин ќе ги избегнете проблемите со дигестија.

2. Планирајте го оброкот по околу 30 минути откако ќе го изедете овошјето.

3. Конзумирајте овошје 3 пати на ден. Најдобро е да го конзумирате помеѓу оброците, па затоа пресметајте го оној половина час (пред појадок, ручек и вечера) кога овошјето ќе биде веќе преработено и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Не треба да конзумирате овошје во следните случаи:

1. Заедно со друга храна. Нашето тело користи различни ензими за преработка на овошјето и има потреба засебно да ги преработува нутрициенсите и растителните влакна.

2. Непосредно пред легнување или по оброк. Шеќерите ќе ве расонат и ќе ви го уништат процесот на дигестија.

3. Не конзумирајте овошје доколку планирате да пиете некој ладен напиток. Доколку пиете ладна вода по оброк, таа го грутчува маслото кое сте го внеле преку храната и ја успорува дигестијата. Затоа, по оброците најдобро е да се конзумираат потопли напитоци.

Воглавно треба да се знае дека овошјето е природен чистач на телото и го снабдува со потребниот природен шеќер (фруктоза). Кога ќе се изеде на правиот начин, го чисти телото од токсини и ја потпомага дигестијата на храната.