Горкиот партнер на Св.Едниот и Св.Другиот

Без разлика дали годинава сте со партнер, со стаклен партнер или пак соло секогаш имајте на ум дека чоколадните демначи на Европа, Краш итн. кои се составен дел од Валентајн знаат да бидат здрави за вас. Па еве неколку причини зошто треба да штрбнете некое парче чоколадо, бонбониера или пак филџан топло кафе.

Црно чоколадо и нема да замарате луѓе да ви измерат притисок

Секоја мала коцка на оние горки, темни 70%ни чоколада носат неверојатни здравствени полезности по нашиот организам.

Разни супстанции во какаото имаат способност да го намалат крвниот притисок и да делуваат смирувачки по нашата и онака истормозена опрема (огранизам). Какаото ова го постигнува со тоа што инхибира ензим во телото кој што има задача токму да го зголемува крвниот притисок, а со тоа делува и протективно врз кардиоваскуларниот систем.

Какаото е новото супер-овошје

Во последно време голем дел од луѓето кои водат здрав начин на исхрана се опседнати со супер-производите кои имаат (или немаат) потенцијал да не направат поздрави. Епа какаото има!

Тоа е далеку подобар извор на антиоксиданси од цеденото овошје, а како бонус, какаото не ги подигнува нивоата на шеќер во крвта. Компарацијата помеѓу грам какао прав и грам овошје во прав покажува дека какаото има далеку поголема антиоксидансна моќ, како и повеќе флавоноиди.

Одиме на кафе

Доколку голтнете некој филџан кафе пред вежбање, тоа има можност да ја зголеми вашата издржливост и согорувањето на масти. Кофеинот се смета дека делумно ја спречува мускулната слабост со што го стимулира организмот да ги троши резервите на масти, а да ги штеди резервите на гликоген. Колку повеќе гликоген, толку повеќе можете да издржите на тренинг, во кревет и слично.

Индонезија против дијабетес

Иако сите видови на кафе ги бие добар глас, последните студии открија дека токму кафето Јава (од Индонезискиот остров Јава) може да биде особено добар во превенција на дијабетес тип 2. Тоа поттикнува лачење на хормон (SHBG) кој ги регулира активностите на тестостеронот и естрогенот (често поврзувани со шеќерната болест), а исто така се смета дека кафето ја подобрува толеранцијата на организмот на гликоза.

Без разлика дали ќе каснете некое какао или ќе се направите мутни као какао за овој Валентајн или Трифун ние ви препорачуваме нешто вечно.