Дали сте преосетливи на глутен?

Плејадата на симптоми при неподносливост на глутен може да претставува вистинска загатка за ваш и вашиот лекар. Се смета дека само 5% од пациентите се правилно дијагностицирани со преосетливост на глутен, а останатите за жал, најчесто не ја добиваат точната дијагноза…

Глутенот е протеин кој се наоѓа во житните култури, најмногу во пченицата. При неподносливост на глутен, доаѓа до појава на симптоми, примарно од страна на дигестивниот тракт, но и на другите органи како што се:

1 Присуство на дигестивни тегоби како што се гасови, подуеност, дијареа или опстипација. Опстипацијата е особено присутна кај деца.

Кератозис пиларис, народски позната како “пилешка кожа”, се јавува на задните делови од надлактиците. Резултат е на недостаток на масни киселини и витамин А, заради лоша апсопрција на истите во оштетеното тенко црево.

3 Изнемоштеност, замор, заматеност по оброк што содржи глутен.

4 Дијагноза за некое друго автоимуно заболување како што се хашимотовиот тиреодитис, ревматоиден артритис, улцеративен колитис, псоријаза, склеродерма, мултипла склероза или лупус.

5 Симтоми од страна на централниот нервен систем како вртоглавица и нарушување на рамнотежата.

6 Хормонски нарушувања како ПМС, синдром на полицистични јајници, необјаснива неплодност.

7 Мигрена.

8 Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија. Често овие дијагнози се поставуваат кога не може да се пронајде причината за заморот или болките кои пациентите ги чувствуваат.

9 Воспаление, отоци или болки во зглобовите на прстите, колената и колковите.

10 Промени во расположението, анксиозност, депресија.
 

КАКО ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ? 

Во консултација со вашиот лекар, се применува елиминациска диета која подразбира целосно избегнување на глутенот во времетраење од две до три недели. По оваа временска рамка повторно се вклучува глутен во секојдневната исхрана. Ако се чувствувате одлично додека избегнувате храна која содржи глутен и обратно ако дојде до појава на дигестивни тегоби по воведувањето на глутенот, тогаш постои преосетливост.

ШТО ПОСЛЕ ДИЈАГНОЗАТА?

Измените во секојдневните навики за исхрана се задолжителни. За почеток треба да научите кои производи содржат глутен, а кои се безбедни. Иако ќе треба да се збогувате со пивото и пицата, секогаш запаметете дека на пазарот се наоѓаат безглутенски опции, само треба да побарате во вашите омилени продавници за здрава храна.

ТРЕБА ДА ИЗБЕГНУВАТЕ:

Пченица, ‘рж, јачмен, јачменов слад и производи од истите како што се булгур, гриз, сејтан, тритикале, кускус, тестенини, брашно и леб од претходно набројаните житни култури, поховани производи со лебни трошки, готови сосеви, супи, грицки, пченичен изолат, дел од жестоките алкохолни пијалоци, пиво, соја сос, некои лекови и козметски производи. Најважно е да ги проверите етикетите на производите што ги купувате дали содржат глутен, доколку не е наведено поинаку.

МОЖЕ ДА КОНСУМИРАТЕ:

Јатки, месо, месни производи, овошје и зеленчук, млеко и јајца. Исто така, постојат многу алтернативи на житните култури што не содржат глутен. Такви се амарант, наут, пченка, просо, ориз, киноа, брашна и производи од овие житарки, шеќерна трска, соја во зрна, тапиока, скроб.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија