Герсонова терапија

Станува збор за алтернативна метода за лекување на хронични болести или канцер, која како и повеќето други алтернативни методи се заснова на посебен режим на исхрана. 

Кој бил Герсон?

Макс Герсон е германски доктор, кој работел и живеел во САД. Уште како студент пател од мигрена, а од своите постари колеги не наишол на лек, туку само на совет да се помири со својата состојба. Тоа бил тригер факторот кога младиот Герсон почнал да разлистува низ алтернативните книги и да си бара чаре. Најпрво оваа терапија, чии прв субјект бил самиот тој, ја развил како лек за мигрена, но понатаму била проширена и за други хронични болести.

На што се заснова Герсоновата терапија?

Факт кој е признат и од алтернативната и од модерната медицина е дека способноста на телото да се самолекува е неоспорлива. Токму на тој факт се заснова и оваа терапија. Преку соодветниот режим на исхрана на телото му се олеснува процесот на исфрлување на сите несакани материи и останува на имуниот систем да се избори со болеста.

Во што се состои?

Намирниците се поделени во задолжителни, повремени и забранети. Ова е всушност вегански начин на исхрана, со тоа што се јадат огромни количини сурово овошје и зеленчук, по можност органски, а од невеганските производи дозволени се само мед и јогурт. Всушност дневно треба да се пијат 13 чаши свежо припремен џус од овошје или листести зеленчуци, на секој час по една чаша. 

Допуштени се и едниствено лененово масло, јаворов сируп, понекогаш варен ориз или леб од интегрално брашно и варен компир малку почесто. Забранети се кафе, алкохол и чаеви, печурки и мешунки, месо и млечни производи, сол, смрзната и конзервирана храна.

 
  • 1 корен од целер
  • 1 корен од магдонос
  • 1 страк праз
  • 2 средни кромиди
  • лук по желба
  • 600 гр домат
  • 400 гр компири
 

Меѓу џусевите, дозволени се еден до два лесни оброци дневно и тоа најчесто се препорачува т.н. Хипократова супа.

Рецепт:

Состојките се мијат, лупат и се сецкаат на коцки.

Сите состојки се ставаат во лонец, се налива вода и се зоврива, а потоа на тивко се варат околу еден час додека да омекнат.

На крај се пасираат и се добива чорба.

Клизми од кафе

Во склоп на оваа терапија се и клизмите од кафе за кои Герсон сметал дека ја олеснуваат работата на црниот дроб и детокифицираат. Препорачани се две до четири клизми дневно, а една се состои од 900 мл кафе.

Додатоци во исхраната

Од додатоците во исхраната Герсон препорачувал Луголов раствор (воден раствор на јод), витамин Ц, Б3, Б12, коензим Q10 и Б17. Калциумовите додатоци ги сметал за штетни.

Оваа терапија не наишла на голем број приврзаници, а многу ја негираат нејзината ефикасност. Сепак направени се само незначителен број на испитувања за да може да се пресуди. Во секој случај оние намирници кои Герсоновата терапија ги препорачува се крајно здрави и полезни за секој организам без разлика дали е целосно здрав или нажалост пати од некоја хронична болест.

По смртта на д-р. Герсон, неговата ќерка го отворила Герсоновиот Институт, а денес во светот постојат две установи кои го применуваат овој начин на терапија, едната во Мексико и другата во Унгарија.