Финти од кујната за поздрави оброци

Понекогаш малку од она што ќе го додадете или одземете од оброкот може да направи голема разлика…

ЗГОТВЕТЕ ГИ ДОМАТИТЕ 

Затоа што научно е докажано дека кечапот го шие доматот кога станува збор за ликопен, еден од најмоќните антиоксиданси кои се содржат во црвено пребоениот зеленчук. Со самиот процес на термичка обработка содржината на ликопен се зголемува, па затоа освен свежи, користете ги доматите и при готвење.

КАКАО И БИКАРБОНА

За разлика од доматите, какаото и чоколадото содржат антиоксиданси кои се чувствителни и се распаѓаат при високи температури. Сепак, за да задржите еден мал дел од нив во вашата шолја какао или чоколадни колачиња, додадете малку сода бикарбона.

ОРИЗ И КОКОСОВО МАСЛО

Неодамна едно истражување покажа дека ако на оризот му додадете кокосово масло и го оставите да отстои во фрижидер, калориската вредност му се преполовува. Ако јадете често ориз овој начин на припрема е прилично едноставен и ви скратува многу калории. Прочитајте повеќе на следниот линк: Зготви си ориз со помалку калории.

ЈАДЕТЕ ГИ ТЕСТЕНИНИТЕ ЛАДНИ

Можеби воопшто нема да ви звучи привлечно, но скробот во тестенините со ладењето се претвара во резистентен скроб. Тоа значи дека храната поспоро ќе се вари и ќе бидете заситени подолго време, со постабилни нивоа на шеќер во крвта, а исто така и потешко е да се прејадете од ладни тестенини.

 

БРОКУЛА И СЕНФ

Комбинација која ја олеснува апсорпцијата на сулфорафани од брокулата. Обарената брокула која, која само кратко е изложена на пареа содржи големи количини на сулфурни соединенија кои имаат свои здравствени полезности. Се смета дека сулфорафаните се ефективни во спречување на оштетувањата на ‘рскавичните ткива и зглобовите. Во комбинација со сенф, се зголемува нивната апсопрција. Прочитајте повеќе тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија