Едно јајце муч, сите протеини чуч

Колку протеини и хранливи материи добивате од едно јајце?

Јајцето има лоша репутација заради холестеролот (иако во последно неоснована) во жолчката и алергиите кои ги предизвикува, но неоспорен е фактот дека во една тенка кршлива лушпа се крие мало нутритивно богатство од протеини, витамини, минерали.

Едно големо јајце содржи вкупно 6,3 грама протеини. Од тие протеини, половина се наоѓаат во белката, а половина во жолчката, па за максимална придобивка јадете цело јајце.

Уште поважно е тоа што јајцето ја содржи целата аминокиселинска секвенца која му е потребна на човечкото тело да синтетизира протеини според потребите. Едно јајце обезбедува дури 12% од дневните потреби за протеини.

Јајцето е одлична храна за спортисти бидејќи освен протеините, содржи и добра доза на маснотии (од кои само мал процент се заситени) кои даваат долготрајна енергија.

Од минералите содржи одлична количина на железо, калциум, фосфор и цинк. А од витамините витамин А, Е, К, Б1, Б2, Б6, Б12, фолна киселина.

Уште една придобивка од јајцето е холинот, кој учествува во развојот на централниот нервен систем, па тополо се препорачува кај бремени жени.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија