Забрзување на процесот на зреење на јапонските јаболка

Наслов

Додека се молиме да скапат

Се најдовте фанатик по убави, сочни јапонски јаболка, ама испаѓа јаболката што ги имате дома се сè уште камен тврди т.е. далеку од фазата во која се јадат. Не ќе ги чекаш две недели, нели. Прашавме пазарџиски експерти, и пробавме сами, како побргу да ги натераме да скапат.

Нешто повеќе за есенско-зимскиот витамински бунар ќе си најдете тука. Тие се одлично сезонско овошје, без никаков проблем растат кај нас и вклучени во диетата може да ни направат одлично освежување на нашите витамински залихи кои полека но сигурно паѓаат во текот на постудените периоди.

Имаат само една маана. Потребен им е долг период додека да созреат. Набргу по берењето тие се сè уште тврди и неповолни за јадење, а нивната пулпа има адстригентни својства (ни ја собира устата) па баш не се поволни за јадење. Додека да созреат, односно скапат, и да бидат супер сочни и благи, често треба време, а време се нема. 

Еве го трикот што ни го кажаа повеќе пазарџии кога ги прашавме за забрзувањето на процесот на зреење:

Го ставате тврдото јапонско јаболко во замрзнувач, оставате да замрзне (неколку часа), а и да го заборавите не е страшно, после тоа го оставате да се одмрзне на собна температура (немојте во печка или микро) и тоа е потполно созреано и спремно за служење. 

Имајте убав и здрав апетит! 

01 Декември 2013

За авторот