Дневните навики за јадење на еден Олимпиец

Доколку сте љубопитни за работите кои дневно ги јаде еден олимпиец кој веќе има, нема или планира да освои некаков медал, сега имате можност да ѕирнете малку подлабоко во неговата диета.

Единствената разлика помеѓу „обичните” луѓе кои здраво се хранат и овие човечки машини е количината која што е малку поголема од редовната.

Калории кои се потребни
Поголемиот дел од нас имаат потреба од 2,000 калории на ден, дури и кога ги правиме рутинските дневни активности. Олимпијците кои имаат ригорозни тренинзи и планови за вежбање имаат понекогаш имаат потреба од многу повеќе, но сепак и ова варира во однос на типот на спорт во кој се натпреварува олимпиецот. На пример, машките пливачи дневно треба да внесуваат голем број на калории, додека женските гимнастичарки внимаваат на оброците и калорискиот внес. Слично како и пливачите, голем број од атлетичарите имаат потреба од голем број на калории бидејќи истите ги горат со многу поголема брзина.

Протеини
Сите атлети имаат потреба од голема количина на протеини за да си помогнат во репарирањето на нивните мускули. Дигачите на тегови, на пример, имаат слична диета како и гимнастичарките само што имаат поголем внес на протеини. Како компарација, гимнастичарите, нормално имаат јајца и лепче (тост) за појадок, а дигачите на тегови може да го имаат истиот појадок но со акцент на протеините.

Јагленохидрати
Овие макронутрициенси се многу важни за Олимпијците кои трошат огромни бројки на калории. Тука спаѓаат пливачите и атлетичарите. Шеќерите се одличен извор на енергија кој помага со одржување на издржливоста како и претставуваат извор за надополнување на изгубената енергија за време на тренингот. Клучот во шеќерите кај олимпијците е тоа што тие избираат комплексни јагленохдрати како полнозрнести житарки, овошје и зеленчук и ниско – маслени јагленохидратни јадења.

Свежа храна
Една од најважните работи кои олимпијците ја применуваат во исхраната е тоа што ја избегнуваат преработената храна. Тие најчесто готват јадење со свежо месо и продукти кои не се претходно преработени. Ова е исто така многу важно бидејќи им овозможува да ги следат порциите што ги внесуваат, како и да внимаваат на солта и мастите.

Иако калориите се важен дел со нивната диета, тие не сакаат да претеруваат со храна богата со масти, процесуирана џанк храна бидејќи таа не ги дава балансираните нутрициенси. Свежото овошје и зеленчук се многу важен дел од диетата бидејќи тие се извор на многу важните витамини и минерали.