Дали водата од чешма може да ги измие пестицидите?

Според Дејв Стоун, токсиколог од Националниот информативен центар за пестициди во Орегон, водата од чешма одлично си ја врши својата улога во измивање на резидуалните пестициди…

Со помош на протечна вода од чешма може да измиете добар дел од пестицидите кои се наоѓаат на површината на зеленчукот и овошјето, но останува оној мал процент кој што се апсорбирал преку коренот во ткивото.

Најефикасно е ако ја пуштите водата да тече, а зеленчукот и овошјето ги сместите во сад со дупки од каде водата ќе истекува, а не само да ги потопите во вода. Ова треба да трае барем 60 секунди и не се препорачуваат никакви дополнителни средства или детергенти!! Потопете ги брокулата, листестите зеленчуци и карфиолот во вода со малку оцет, а потоа дополнително измијте ги под млаз вода.

Дополнително може да превземете уште неколку мерки. Користете четка за зеленчукот и овошјето со цврста кора како портокалите и лимоните. Бришењето со хартиено марамче за една употреба дополнително ќе отстрани дел од бактериите. Лупењето на зеленчукот и овошјето помага за дополнително да се ослободите од уште еден процент на резидуални пестициди.

Секогаш имајте на ум дека најчесто и најагресивно се прскани јаболката, доматите, праските, краставиците, зелената салата, грозјето, па кога ќе купувате од овие барајте од органско потекло и од проверени продавачи кои гарантираат никаква или минимална изложеност на пестициди.

Повеќе за најмногу и најмалку прсканите овошја и зеленчуци ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија