Црн лук – ѓаволски добар, во секој поглед

Како зеленчук изваден од некој круг на Данте Алигиери, црниот лук е исто толку ѓаволски здрав колку што изгледа ѓаволски добро.

Иако досега индиспониран од неговиот бел братучед, црниот лук станува се попопуларен во гастрономските кругови и полињата на алтернативна медицина.

Оваа нова трендовска сорта на лук за прв пат настапува на сцена пред околу 6 години кога Корејците го претставуваат на светот. И тоа не е некаква нова сорта кога Корејците ја измислиле во некоја лабораторија, туку тие едноставно биле доволно стрпливи да ја почекаат неговата долга ферментација.

Главици бел лук се ставаат во посебни печки каде одреден период се одржуваат на висока температура и соодветна влажност на воздухот со што ферментацијата си го прави своето. Во целата оваа процедура најважно е времето кое може да трае од неколку денови до неколку недели со што истото се одразува и на цената на чинење.

Црниот лук веќе си го зазеде местото во светската гастрономија со благиот, сирупест вкус со жички на балсамиран оцет, но и алтернативната медицина од неодамна почна да му препишува бројни позитивни својства.

Канцер превенција и намалување на холестерол
Долгиот процес на ферментација создава супер – лук кој има канцер протективни влијанија и ги намалува нивоата на холестерол бидејќи се пронајдени многу поголеми количини од природната супстанца S-allylcysteine, природна состојка во свежиот лук која е дериват на амино-киселината цистеин.

Протекција од инфекции
Белиот лук има анти-микробни и анти-фунгални својства поради состојката алицин, но оваа варијанта на лук поради големите количини на S-allylcysteine-от помага во поголемата апсорпција на алицинот во цревата. Поради тоа овие својства се поголеми.

Антиоксиданси
Докажано е дека овој вид на лук има два пати повеќе антиоксиданси од белиот. Со оваа огромна потентност, црниот лук може да помогне во превенцијата на голем број на хронични заболувања влегувајќи во битка со слободните радикали.