Чувар куќа, чувар здравје

Расте од Мароко до Иран, во пустини, на врвови, на кровови и во дворови. Според народните верувања ја чува куќата, а науката вели дека го чува и здравјето…

Semprevivum (лат. секогаш живо) е латинското име на нашиот „чувар куќа”. Народното верување е дека ако го имате на кровот, ве чува од громови и пожари, па оттука и изреката „Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа”. Расте практично без никаква посебна грижа, на места изложени на сонце или во блага сенка, а потребата за вода му е минимална.

Многу лесно се одгледува, одличен е како декоративно растеније, а исто така многу лесно се размножува и не бара посебна грижа.

Она што Чуварот го прави задложителен за секој дом се бројните здравствени придобивки кои ги нуди. Бидејќи спаѓа во иста група на растенија како и алое вера така наречени сукуленти, има способност водата да ја складира во своите месести листови. Оттука произлегува неговото својство да разладува, па има благотворен ефект кај изгореници. Исто така покажува делотворност и при убоди и каснувања од инсекти.

Истражувањата покажале дека Чуварот содржи органски киселини, флавониди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство. Една од најчестите употреби е против ушни заболувања. Народниот рецепт вели да се капнат 2-3 капки во болното уво и да отстојат неколку минути. Наводно компонентите од растението доведуваат до растворање на церуменот и ги олеснуваат симтомите.

Освен за надворешна употреба, ова растение може и да се консумира како чај, сок или како мешавина со мед. Помага при дијареа, болки во стомакот, менструални болки, изгореници и убоди од инсекти, жуљеви на стапалата.

ЧАЈ: Неколку листови од Чуварот се преливаат со 200 мл вода и се остава да отстои 2 часа. Потоа се прецедува и се пие по неколку голтки пред јадење.

МЕШАВИНА СО МЕД: 300 грама листови се толчат и се мешаат со 500 грама мед. Пожелно е садот да биде од темно стакло или да се замотка теглата со фолија. Се чува во фрижидер и се консумира на гладно.

СОК: Се блендираат десетина листови, со 1 чаша вода и се пие на гладно, половина час пред јадење.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија