Чоколадна криза?

Дали всушност кога секоја ваша клетка извикува „чоколадо“, токму тоа е она што телото го бара? Се испоставува дека сепак можете да ја прерипнете чоколадната коцка, бидејќи всушност кризата е само за еден елемент од чоколадото, а тоа не е шеќерот…

Магнезиумот е битен минерал, одговорен за многу функции во организмот, тргнувајќи од ензимски процеси, до правилна функција на мускулите, кардиоваскуларниот и нервниот систем. Сепак овој минерал многу ретко е мета на испитување од страна на докторите, а факт е дека голем процент од популацијата има во одреден степен недостаток од овој минерал.

Нашиот омилен десерт, за некои дури и омилен оброк, чоколадото е убедливо најбогат извор на овој минерал. Па всушност кога започнува криза за чоколадо, можеби вашето тело пронаоѓа начин да се снабди со одличен извор на магнезиум и со тоа настануваат прекршување на диети, лоши предместуални синдроми, додатни стотици калории.

  • Дури и блага дефициенција на магнезиум може да доведе до појава на сипмтоми како нервоза, анксиозност, иритабилност, мигрена, хиперактивност.

Иако на чоколадото никој не смее да му пререче заради феноменалниот вкус, сепак додатните калории од простите шеќери што ги содржи се нешто што би сакале да го избегнете во една здрава диета. Подобрете го нивото на магнезиум од здрав ивор како јатките, какаото, тофуто и житарките. И нареден пар кога секоја ваша клетка ќе извикува „чоколадо“ сетете се дека можеби „зајакот лежи“ во магнезиумот.