3 фактори што влијаат на тежината

Несоодветна исхрана го спречува губењето на килограми и предизвикува зголемување на телесната тежина. Но освен исхраната постојат и некои други причини што треба да се земат во обзир бидејќи влијаат исто како исхраната…

СТРЕС:
Стресот предизвикува зголемување на кортизолот во крвта, хормон кој е од суштинско значење за одржување на биохемиската рамнотежа на телото. Зголемувањето на нивото на кортизол влијае врз зголемувањето на телесната тежина, особено околу пределот на стомакот и половината. Овие типови на масни наслаги се познати како токсични “масти”. Негативниот ефект на кортизолот е неговото влијание врз нивото на инсулин кој води до нарушување на шеќерниот баланс.

Колку повеќе сте под стрес нивото на кортизол се зголемува. Кога ова ниво е повисоко од нормалното, предизвикува зголемување на апетитот. Поради овие причини, треба што повеќе да ги избегнувате стресните ситуации ако имате цел да ја задржите вашата сакана тежина.

СПИЕЊЕ:
Ако спиете малку, може да го забавите процесот на слабеење. Истражувањата покажуваат дека жените кои спијат повеќе од седум часа се послаби од оние кои спијат помалку. Тоа е затоа што нивото на кортизол почнува да расте по 22:30 и 23:30 часот, нормално ако сеуште сте будни.

Затоа, идеално време за спиење е околу 22.00 часот. Нивото на кортизол е обично понизок во вечерните часови, но ако останете до доцна во ноќта нивото на кортизол може директно да влијае врз зголемување на вашиот апетит. Затоа или легнете си порано или заклучете го фрижидерот. 🙂

ПИЈАЛОЦИ:
Ако сакате да ослабнете, зелениот чај е наједноставно и поекономично решение. Истражувањата покажаа дека жените кои редовно консумираат чај имаат помала апсорпција на холестерол и триглицериди.

Исто така, истражувањата покажуваат дека четири чаши зелен чај на ден може да го намали нивото на масти во крвта, вклучувајќи го и холестеролот. Треба да се напомене дека тука кофеинот нема никаква улога, а тоа значи дека кофеинот не е причинителот за вакви ефекти.

Се што треба да избегнувате е алкохол, газирани и индустриски овошни сокови, а наместо нив да пиете повеќе вода и зелен чај.