Предности на зрнестиот леб

Зошто да изберете зрнест леб?

Во јавноста се повеќе преовладува мислењето дека лебот е штетен за здравјето и дека лебот е главен виновник за вашата тежина. Ние ќе се обидеме да ви објасниме зошто сметаме дека лебот со цело зрно е добар, не ја зголемува телесната тежина на човекот и зошто е здрав за вашето тело и ум.

Зошто зрнест леб?

Зрнестиот леб се добива од природни намирници, цели зрна од внимателно избрани житарки – пченица, рж, јачмен, пченка, интегрален ориз, лен, семки од тиква и сончоглед. Како нерафинирани намирници, ги обезбедуваат речиси сите хранливи состојки неопходни за добро здравје.
________________________________________
Зрнестиот леб во себе содржи макро-хранливи состојки, како што се јаглехидрати, протеини, масти и микро-хранливи состојки, како што се витамините и минералите.

Витамини и минерали

Витамини кои ги има во зрнестиот леб се следните: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б15, биотин, холинг, фолна киселина, инизитол, парааминобензоева киселина, Б5, Витамин Е, Витамин Ф, Витамин П, Витамин Т, Витамин А. Од минерали, застапени се 7 основни минерали: калциум, јод, железо, магнезиум, фосфор, селен, како и други минерали: хром, манган, молибден, ванадиум, бакар и натриум.

Начинот на кој организмот ќе ги искористи макро-хранливите состојки, директно зависи од микро-хранливите состојки. Имено, добро познато е дека Б витамините, присутни во интегралното зрно, делуваат кон разложување на сите негови состојки, вклучуваќи ги и јаглехидратите. Сличен процес се случува и во природата, при никнување на зрното житарка, при што се формира нов живот.

Доколку се отстрани обвивката на зрното, во која се присутни клучните хранливи материи, во зрното единствено останува скробот, од него веќе ништо не може да порасне, ниту пак може да претставува полновредна храна.

Состојките на житното зрно, како природна храна, се во урамнотежен однос. Тоа е многу битно – за панкреасот да произведе инсулин, потребни се цинк и витамин Б6, понатаму, за способноста на инсулинот да го контролира шеќерот во крвта, потребен е минерал хром. За метаболизмот на јаглехидрати се потребни скоро сите витамини од Б комплексот и 6 минерали: калциум (Ca), железо(Fe), магнезиум (Mg), цинк (Zn),манган (Mn), хром (Cr).

Доколку овие микро-елементи ги нема во храната, организмот ги зема од сопствените резерви, додека пак, ако и таму ги нема, јаглехидратите не можат да се претворат во енергија, а тоа се манифестира со губење на кондиција, промена на кожата, анксиозност, депресија, нарушување на нервниот систем.

Предности на зрнестиот леб

Она што треба да се нагласи е дека зрнестиот леб се добива од житарки од органско потекло, кои се богати со витамини и минерали. Тие се произведени со органски ѓубрива, а не со вештачки ѓубрива кои ги користи интензивното земјоделство, и кои ги врзуваат минералите и витамините, не дозволувајќи им на растенијата да ги апсорбираат. При култивирање на житарките, не се употребуваат пестициди, хербициди и фунгициди штетни по здравјето, туку се применуваат физички мерки на заштита, што придонесува за добивање на производ здрав за употреба, кој нема штетни влијанија врз здравјето на луѓето.

Зрнестиот леб се добива без употреба на хемикалии, како адитиви и конзерванси, за кои современата наука потврди дека се штетни за човековото здравје и предизвикувачи на канцерогени заболувања и алергиски реакции.

Зрнестиот леб се добива со помош на природно кисело тесто, што дополнително ја зголемува хранливата вредност со над 200 нови хранливи состојки. Печен е во земјена печка на дрва, што придонесува за зачувување на хранливите состојки, особено на витамините, од деградација и добивање на подобар квалитет на печење, арома и вкус.

Зрнестиот леб се добива без употреба на пекарски квасец, за разлика од лебот добиен со квасец, кој често создава чувство на подуеност на стомакот, ги слабее цревата и ја разредува крвта.

Зрнестиот леб изобилува со диетални влакна во урамнотежен однос, такви какви што се во природата, кои што се дефицитарни во стандардниот начин на исхрана. Тие ја подобруваат перисталтиката (движењето) на храната во цревата.

Следниот пат кога ќе сте во супер маркет изберете го зрнестиот леб, како замена на белиот леб. Затоа што зрнестиот леб се добива со природно кисело тесто, направен е од внимателно избрани житарки без пестициди, хербициди и фунгициди штетни по здравјето, туку се применуваат физички мерки на заштита, што придонесува за добивање на производ здрав за употреба.

Автор

Biovital

Скопје

Македонија