Одберете свежа зимска трпеза

Применувањето на сезонска храна е еден од постулатите на здравата исхрана. Накратко кажано, лудо е да се јадат домати и пиперки во зима, освен оние зелените од туршија. Иако навидум неплодна, зимата нуди бројни свежи продукти кои секој треба да ги крка…

БРОКУЛИ – една порција брокули обезбедува 276 проценти од дневните потреби на витамин К. Овој витамин е многу важен за коагулацијата (згрутчувањето) на крвта, а од друга страна брокулата содржи и калциум, па заедно со витаминот К учествуваат во одржувањето на коските.

ЌЕЉ – оваа зелено листеста зелка содржи огромни количини на калциум, но она што ја издвојува од другите растителни извори е извонредната апсорпција на иститот. Направените испитувања покажуваат дека апсорцијата на калциумот од ќељ ја надминува онаа од млекото.

СЛАДОК КОМПИР – одлична варијанта за задоволување на потребите од калиум, минерал важен за електролитниот баланс. Еден среден сладок компир содржи приближна количина калиум како и една банана. Дополнително дава добра доза јаглехдрати како брз извор на енергија.

ЗЕЛЕНИ ЛИСТЕСТИ РАСТЕНИЈА – изобилуваат со нитрати кои се важен елемент за подобрување на дотурот на кислород до периферијата и мускулните ткива, а токму сега се во сезона свежите зелени листести растенија како спанаќот, марулата. Дополнително се одличен извор на диетални влакна.

ПРОЌЕЉ – забавни за око и вкус, овие мини зелки се одличен додаток на зимскиот витамински бунар. Изобилуваат со витамин К како и нивниот џиновски имењак, но исто така и со огромна количина на диетални влакна кои го снижуваат холестеролот и ги заситуваат целодневните потреби на витамин Ц со само една порција.

КАРФИОЛ – освен витамини и минерали карфиолот се издвојува по содржината на фитонутрициенси како што се индолите. Во последно време правени се истражувања кои на индолите им препишуваат антиканцерогени својства и намалување на ризикот од појава на малигни заболувања. Дополнително обоениот карфиол изобилува и со многу антиоксиданси.

ТИКВА – зимските варијанти се одличен начин да добивање на доза антиоксиданси и каротени. Освен тоа тиквата изобилува со диетални влакна,Ц и Б витамини.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија