Вашиот природен заштитен фактор

Иако можеби чудно, но науката вели дека во одреден степен сончањето може да биде безбедно во зависност од исхраната.

 

Домати во секаква форма

Вкусен додаток на секоја салата, а уште повкусен и попротективен сос за во секоја паста. Доматот, а уште повеќе сосот од домати, содржи еден антиоксиданс наречен ликопен. Ликопенот, покрај другите позитивни придобивки што ги дава тој ја заштитува кожата од акутни изгореници како последица од прекумерено сончање.

 

 

 

Попај знаел како за на плажа

Омилената лименка на Попај е полна со фолати, витамини како А, Ц и Е витамин како и два битни каротеноиди, лутеин и зеаксантин. Целиот овој коктел се смета дека може да го намали ризикот од развој на рак на кожа.

 

 

 

 

 

Мултифункционална лубеница

Лубеницата исто така е мега пакување со ликопен, па делува слично како доматот, а уште еден плус е тоа што изобилува со вода и е одличен рехидрататор за исончаната кожа.

 

 

 

 

Портокалови корени

Од под земја, право во борба против штетните УВ зрачења. Благиот компир и морковот се бета каротенски бомби и полни со Ц витамини. Тие ѝ даваат тен на кожата, а секоја потемна кожа е и поспремна за изложување на сонце.

 

 

 

 

Лосос и сè како подмачкано

Диета богата со омега 3 може да ја намали шансата за појава на меланом на кожа. Во една студија всушност масните киселини како омега 3 и омега 6 делуваат во модификација на канцерогенезата. Затоа, ако веќе сте решиле да се печете на плажа добро е да ги задоволите потребите од омега масни киселини.

 

 

 

Темно чоколадно задоволство

Задоволете го слаткиот заб, уништете ги слободните радикали и пружете си уште една УВ заштита од внатре. Темното чоколадо изобилува со антиоксиданси и може да ѝ помогне на кожата да се опорави по долгите часови на плажа.

 

 

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија