Секое утро следете ги овие 3 правила што ќе ви помогнат да ослабнете

Најдобар начин за да симнете килограми е наутро да јадете здрава храна. Следете ги овие 3 правила секое утро и за кратко време ќе имате задоволителни резултати.

1. Јадете штом ќе се разбудите.

Истражувањата покажуваат дека раниот појадок помага при забрзување на метаболизмот, па затоа гледајте да појадувате 30-60 минути откако ќе се разбудите за да го искористите целосниот потенцијал на телото да ги согори мастите.

Ако јадете појадок по будењето вие ќе го избегнете чувството на глад во текот на денот, а со тоа ќе ви се намали желбата за нездрава брза храна.

2. Консумирајте што повеќе протеини.

Високо протеинскиот појадок, како што се јајцата или јогуртот, ќе го отстрани чувството на глад и ќе ви помогне да јадете помалку и уште поважно да ослабнете. Една студија покажа дека жените што јадат јајца за појадок, губаат два пати повеќе килограми од оние кои го денот го започнуваат со геврек.

Протеинската исхрана исто така ви дава енергија во текот на денот, бидејќи се раствара побавно од останатата храна.

3. Почнете го денот со банана.

Ако наутро јадете банана таа ќе ви помогне да согорите повеќе калории, бидејќи го поттикнува телото да ги користи мастите за да ви дава енергија.

Затоа важи општото правило: Јадете поздрава и побогата храна со протеини ако сакате да изгубите повеќе калории.