Што е медитеранска диета и зошто е толку добра?

Медитеранската диета во суштина е микс од навиките за јадења во повеќе региони долж Медитеранот. Речиси воопшто не е рестриктивна и на долг рок ќе ви донесе низа здравствени придобивки. Гурмани, навалете на вкусовите од Средоземјето.

Историјата и традицијата на Медитеранската диета се тесно поврзани со навиките на јадење на народите кои живеат долж Средоземното море. Во суштина таа претставува микс на најдобрите прехранбени навики на народите од Грција, Шпанија и Јужна Италија.

Покрај тоа што е несомнено вкусна, таа една од ретките диети кои нема речиси никакви рестрикции кон одредени типови на храна што ја прави комплетно одржлива и лесна за практикување. Од друга страна таа ни малку не заостанува зад останатите диети кои промовираат губење на телесна тежина и противвоспалителните својства.

Листата на тоа што се спаѓа и може да се употребува во овој тип на исхрана е навистина долг. Во основа ваквиот тип на диета е исклучително богат со растителни влакна, има голема микронутритивна вредност, содржина одлични извори на протеини и масти и сето тоа надополнето со понекоја чашка црвено вино. Идеално зар не. Ајде да погледнеме што се вклучува пирамидата на медитеранската диета.

Храна која може да се употреба:
Риба и морска храна
Зеленчук и овошје без никакви ограничувања
Јајца, пилешко месо, сирење, јогурт
Семиња и јаткасти плодови
Легуминози и мешунки
Интегрални житарки и компир
Здрави масти – авокадо, маслиново масло, кокосово масло
Сите видови билки и зачини

Храна која не треба да се употребува:
Сите видови на преработени шеќери
Рафинирани житарки вклучувајќи бел леб и бел ориз
Сите типови на преработена храна
Месни преработки и транс масти
Рафинирани растителни масла

Лесно може да се забележи дека всушност оваа исхрана е враќање на човекот во периодот пред индустријализацијата и појавата на готова и полуприготвена храна која е преполна со шекери, сол и адитиви.

На долг рок ваквиот начин на исхрана ќе ви помогне да ги намалите килограмите, да превенирате рак, да ја редуцирате можноста за појава на дијабет тип2. Наполнете ги чиниите според вашите потреби и уживајте во придобивките на оваа здрава навика.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија