Глу(п)тен?!

Затоа што трендот на следење исхрана која избегнува глутен ескалираше во некој вид на помодарство во САД, па и на ред други места, и секој втор почнува да следи анти-глутен диета без некоја реална причина, Џими Кивел, многу харизматична ТВ фацка реши да ги праша оние што не јадат глутен, дали воопшто знаат што е тоа глутен.

На анкетава, на хумористичен и супер начин се покажува колку луѓето слепо и глупаво следат некојси тренд за нешто кое што најверојатно не им прави никаква шетета во нивниот организам. Многу нормално би било, ако било кој од овие фаци навистина има медицински дијагностициран проблем со интолеранцијата на глутен, барем да се има распрашано и да знае што всушност претставува глутен, а не само да врти околу некои три збора кои што ги сретнал на интернет. 

Глутенот претставува мешавина од два протеини во житарките кои што се одговорни за одржување на еластичноста на зрното  за време на сушните периоди. Тој е дел од многу житарки и кај одредени луѓе (генетски предиспонирани) може да даде интолеранција која што претставува една од реалните причини за човекот да почне да ја избегнува оваа храна. 

Сепак, за дефинитивна дијагноза на болеста потребна е добра „детективска“ работа од страна на медицинските лица, а не самостојно убедување дека си интолерантен на глутен затоа што и твоето другарче го „има“(?) овој проблем.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија