НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ТОА КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ ВНЕСОТ НА ШЕЌЕРИТЕ

Шеќерно прикриената закана

Чоколатце ваму, шеќерче таму и сето тоа на крајот без усул, а зошто кога може да биде на здрав и уреден начин! Иако шеќерите претставуваат важен елемент во исхраната и служат како прв енергетски потенцијал, нивното претерано внесување може и тоа како да доведе до загрозување на општото здравје во организмот.

И покрај тоа што повеќето од производите и типовите на храна содржат јаглени хидрати, лимитирањето на внeсот на рафинираните и вештачко додадените шеќери е здраво и го спречува зголемувањето на телесната тежина и компликациите што одат со неа. Повелете, неколку совети за откривање на шеќерно прикриената закана…

Препознајте ги типовите на шеќери во вашата исхрана и намалете го нивниот внeс. Гликозата и фруктозата се составен дел на овошјата и житарките, но пченкарните сирупи, малтозата и сахароза (белиот шеќер) се вештачки додадени во брзата храна, соковите и слатките. Научете ги овие форми и редуцирајте го вносот на вештачките шеќери.

Направете замена! Консумирајте продукти кои содржат природни шеќери како овошјето наместо вештачки шеќерно преполнети и глазирани слатки. Овошјето и онака е повкусно. Но внимателно со сувото овошје бидејќи содржи поголема концентрација на шеќери.

Лимитирајте го внeсот на слатки на еднаш неделно. Скромното внесување на слатки е далеку подобро од секојдневното јадење на сладоледи и торти. Јадењето пак на разни бобинки, јаболка и портокали во текот на неделата ем го задоволува вашиот сладок заб, ем ги држи нивоата на шеќери во оптималните граници.

Доколку јадете житарки за појадок, тие нека бидат полнозрнести, а не преполни со рафинирани шеќери и бои. Колку поразиграни бои на кутијата од житарките, толку полош е нивниот шеќерен биланс. Изберете ги оние на кој пишува дека се полнозрнести, и додадете овошје како банана или праска како засладувачи наместо шеќер. Звучи супер!

Пијте вода и свежо цедени сокови како лимонада и портоколада. Баталете ги газираните сокови кои содржат рафинирани шеќери. Примајте доволно вода и пијте млеко со ниска маслено. Газираните сокови со ознаката sugar-free обично се само маркетиншка измама, па внимавајте и на тоа!