Време е да си каснеме од хранливите есенски зеленчуци
Салата со цвекло, јаболко и бело сирење
Соединување на зеленчук, овошје и сирење… перфектно!
- 2 варени цвекла (нелупени)
- 1 кисело јаболко
- 20г ореви
- 5 суви сливи
- 10г семки од тиква
- 1 лажичка Extra virgin маслиново масло
- 50г бело овчо сирење
Подготовка
1. Исечете ги цвеклата на големи парчиња, ислупете ги јаболките и исецкајте ги на парченца.
2. Помешајте ги заедно со оревите, семките од тиква, сушените сливи и маслиново масло.
3. Послужете ја салатата со мали парченца бело сирење одозгора.