Реалниот виц за лошата исхрана

Си биле еден Американец и еден Африканец и се трампале со нивниот начин на исхрана во рок од две недели…

Ако досега не ви станало јасно колку лошо влијание има високо-обработената храна, простите рафинирани шеќери, белото брашно и празните калории по вашето здравје еве еден мал експеримент кој докажува што точно се случува на биолошко  ниво кога еден тотално нездрав начин на исхрана каков што во голем број го практикуваат Американците се замени со едноставна исхрана на едно рурално африканско семејство.

20 фаст-фуд американски „зависници” во рок од 2 недели ја заменија својата диета со онаа што ја практикуваат луѓето кои живеат во руралните краишта на Јужна Африка и обратно, 20 африканци ги закачиле на бургери и кола. Причината зад овој експеримент е статистичкиот и епидемиолошки пронајдок дека афро-американците имаат 13 пати поголеми шанси за рак на дебелото црево од нивите „роднини” од Јужна Африка.

За тој краток период западњаците кои сега консумирале храна богата со диетални влакна и помалку шеќери и масти (особено од животинско потекло) имале драстичен пад во биолошките маркери за рак на колон. Обратно, Африканците многу брзо се „збогатиле” со овие маркери кои претходно воопшто ги немале.

  • „Промените во исхраната резултираа со неверојатни реципрочни измени во нивоата на биолошките мукозни маркери кои укажуваат на зголемен ризик од рак на колон.”

Иако ова е само мала студија која дополнително треба да се проширува и истражува, научниците се целосно сигурни во лошото влијание на брзата храна која во голема мера изостанува од диеталните влакна кои се важни особено за здравјето на дигестивниот систем.

Бидете сигурни дека ќе ве интересира – ШТО АКО СИТЕ СЕ ХРАНИМЕ ВО АМЕРИКАНСКИ СТИЛ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија